Линкови за пристапност

Извештај за имплементацијата на планот 3-6-9


Извештај за имплементацијата на планот 3-6-9
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Министрите реферираа – амбасадорите слушаа. Претставниците на земјите-членки на Европската унија денеска, како што објаснија владини претставници, добиле детален извештај за тоа до каде е имплементирањето на планот 3-6-9, клучниот документ врз основа на чие исполнување ќе се вреднува дали наредниот месец Македонија ќе добие безусловна препорака за старт на преговори. Впечатокот што владата го промовира е дека земјата е вратена на европскиот курс, но прашањето е дали се` се одвива според предвиденото:

„ЕУ нема да ја интересираат внатрешни алибија зошто законите не се донесени, тие ќе сакаат да се испорачаат. Три или четири мерки се означени со црвено, како мерки кои доцнат во рамки на реформите содржани во Планот 3-6-9 и за нив интензивно разговараат политичките партии од власта и опозицијата со цел да се постигне политички консензус“рече Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.

Тие неколку црвени точки, како што ги нарекува Османи, се од сферата на судските реформи - како измена на законот за судски совет и измена на Законот за судовите и од областа на реформата на безбедносните служби. Де факто собранието е блокирано во процесот на носење закони поради 35-те илјади амандмани за законот за јазиците кои опозицијата ги поднесе. За тоа како да се справи со толкуте амандмани нема консензус ниту во владејачкото мнозинство како што покажа вчерашната неуспешна собраниска седница.

„Се уште не можам да кажам за конечниот епилог, бидејќи нема конечен епилог, но на добар пат сме. прашањето за законот за унапредување на употреба на јазиците треба да биде дел од процесот и веројатно можеби ставено во тој пакет. Со вчерашните случувања може да се помести целиот процес“ вели Османи.

Наспроти неможноста за рестартирање на работата на парламентот за усвојување на потребните закони, владата на вчерашната седница донела одлука за формирање национален координативен механизам, кој треба да ги исполнува обврските од планот, но и да ги анулира забелешките на Брисел за досегашниот тек на реформскиот процес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG