Линкови за пристапност

Нема амнестија за организаторите и насилниците на 27-ми април

Изготвен текст на предлог закон за амнестија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

Предлог-законот, според ова тело, нема да влијае врз работата на судовите, што било едно од клучните прашања за кое било постигнато консензус

Утврден е текстот на предлог-законот за амнестија за настаните од 27-ми април.

Собраниското тело за помирување денеска ги усогласи ставоите за нацртот. Детали засега не се откриваат.

Она што се знае е дека ќе нема амнестија за организаторите и извршителите на физичко насилство на денот на упадот во Парламентот, што за малку ќе резултираше со конфликт во Македонија.

„Најдена е првна формулација и направена е дистинкција меѓу лицата кои го организирале настанот и насилниците на 27-ми април. Јасно е наведено за кои делови се однесува амнестијата. Насилство и обид за убиство секако нема да подлежат на законот за амнестија, туку сите оние кои не се организатори и не извршиле физичко насилство“, изјави Зекир Рамчиловиќ, член на Собраниското тело за помирување.

Предлог-законот, според ова тело, нема да влијае врз работата на судовите, што било едно од клучните прашања за кое било постигнато консензус.

Прашањето е дали пратеници кои гласаа за потребата од уставни измени како Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а се дел од обвинението за 27-ми април, ќе бидат амнестирани со овој закон?

„Ќе работиме на тоа да донесеме политичка одлука со која мислиме дека ќе се релаксираат односите во државата во однос на 27-ми април. Не би навлегувал во динамиката на судот. И да има друго обвинение, нема да се амнестира некој што е организатор или има докази за физичко насилство. Тоа е тоа“, вели Рамчиловиќ.

Овој закон кој, според најавите, ќе се носи по скратена постапка, и е еден од клучните елементи за обезбедување на неопходното двотретинско мнозинство за правно заокружување на Договорот од Преспа, преку усвојување на уставните измени.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG