Линкови за пристапност

Северна Македонија во 2020 година - подеми, падови и пандемија


Северна Македонија во 2020
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:19 0:00

2020 е година во која мораше да се навикнеме на „новото нормално“. Година во која мораше да импровизираме, година во која коронавирусот ги диктираше правилата на игра и на живот. Делумно успешна на меѓународен план, катастрофална економски и социјално и маестрална кога станува збор за спортот. Вака може да се опише 2020 година кога станува збор за Северна Македонија.

На граничниот премин „Табановце“, термалните камери го регистрираат првиот случај на коронавирус во државата скопјанка која се врати од Италија тогашнхиот епицентар на коронавирусот во Европа. Вирусот полека се ширеше низ градовите. Бројките на заболени од едноцифрени се искачија на двоцифрени а потоа и трицифрени.

Следуваа неколку комплетни затварања. За верските празниците Велигден и Бајрам како и за Први мај, граѓаните со денови седеа во своите домови. Улиците пусти, градовите како да се напуштени.

„Новото нормално“. Тоа беше следниот предизвик за граѓаните. Работа од дома, движење по потрева, групирање на минимум. Дружење најчество преку социјалните мрежи и платформи. Мерките како да даваа резултати. Се до почетокот на есента. Експлозија од новозаболени и жртви.

Болниците пред колапс, здравствените работници исцрпени.

На 17 ноември се регистрирани 1.406 новозаболени во едно деноноќие, а на 8 декември ќе осатане запаметен по црниот рекорд - 46 жртви во едно деноноќие.

2020 почна со избор на техничка Влада. На 3 јануари Собранието му дава мандат на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде новиот премиер и да ја подготви државата за избори. Несвесни за ризикот од коронавирусот, партиите се подготвуваат за нови предвремени избори. Договорен е и датумот - 12 април. Набрзо е јасно дека избори во април е невозможна мисија.

15 јули е новиот датум за изборите. Корона кампањи, без митинзи и автобуски карвани од град во град од село во село.

СДСМ со тесна победа над ВМРО - ДПМНЕ и два мандати повеќе, очекувано со партнерот ДУИ, победник во албанскиот блок, ја формира новата Влада. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се враќа назад во кабинетот на Илинденска број 2

Крајот на годината носи уште едно разочарување.

Зоран Заев, премиер на РС Македонија

Разидувањата со Бугарија се се поочигледни. Старт на преговорите со Европската Унија нема. Бугарија стави вето. Најавено месеци наназад, заткулисно планирано во владата на Борисов. Причините се менуваа од ден во ден, но најчество беше говорот на омраза кој официјална Софија го регистрирала во Македонија. Изјавите на бугарските политичари, пред се министрте Каракачанов и Захариева од ден во ден се понавредливи и омаловажувачки. Гневот кај граѓаните расте и покрај обидите на премиерот и политичарите да ги менаџираат и реалтивизираат острите тонови од Софија.

2020 година ќе остане запаметена по уште еден сериозен неуспех. Корупцијата, неефикасноста на државниот и локалниот апарат, спрегите со бизнис заедницата и со лица со сомнителен и криминален бекграунд ќе ја покаѓат својата вистинска сила кога станува збор за Охрид, Струга и Охридското Eзеро. Најавуваа бескомпромисна борба, најавуваа уривање на дивоградбите, најавуваа одговорност. Дивоградбите не беа срушени, силувањето на крајбрежјето продолжи исто како и дивеењето на локалните моќници и беззаконието. Охридскиот градоначалник избегнуваше секаква можна конфронтација а струшкиот не сакаше да соработува. Владата остана на паушалните изјави и најави дека ќе стори нешто. Се позивесно е дека 2021 година ќе почне со извештајот на УНЕСКО во кој ќе стои, очекувано, дека Охрид и Охридското Езеро по четири децени ќе биде ставен на црната листа - загрозени заштитени подрачја.

Иако тешка година, граѓаните сепак имаа можност да барем на кратко да почувствуваат среќа и радост, да се сплотат и да прослават. Четата на селекторот Ангеловски предводена од безвременскиот Пандев, иако прогласени за аутсајдери, од натпревар во нагтпревар ја подигаа формата. Лавовски се бореа со далеку посилните репрезентации. И успеаја.

Бараж со репрезентацијата на Грузија на нивен терен кој треба да пресуди кој ќе биде последниот патник на Европското првенство во фудбал. Кој друг ако не Пандев. Одиме на Европско. За прв пат во историјата на независна Македонија.

Тешки и исцрпувачки беа последните 365 дена за граѓаните кои сепак научија како да живеат со коронавирусот, научија да функционираат. Животот продолжува во исчекување на вакцинацијата и враќање во долгоочекуваното „старо нормално“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG