Линкови за пристапност

Американски медали за ученици од Македонија


Американски медали за ученици од Македонија
Американски медали за ученици од Македонија

Учениците од едно од најеминентните средни училишта во Македонија, приватната гимназија „Јахја Кемал“ имаа уште една многу успешна учебна година.

Учениците кои учествуваа на Олимпијадата за млади физичари во Хјустон, САД, I-SWEEP 2011, се вратија со три награди за проектите поврзани со изнаоѓање на одржливи извори на енергија. На Олимпијадата во Тексас на која учествуваале 720 ученици од 72 држави од целиот свет и биле претставени 300 нивни проекти, учениците од „Јахја Кемал“, освоиле два златни, два сребрени и еден бронзен медал.

Како што не` информираше одговорниот за односи со јавноста во „Јахја Кемал“, Сурија Таук, учениците Стефани Кузмановска и Стефан Кузмановски на Олимпијадата I-SWEEP 2011, во САД, освоиле златен медал на натпреварот за проекти по енергија, инженерство и животна средина. Истите ученици освоиле златен медал и за својот проект на Еколошката научна олимпијада INЕPO 2011 во Турција.

На I-SWEEP 2011 во САД, златен медал одсвоиле и Бојана Пантовска и Филип Стојков, а сребрени медали Филип Илиевски и Џанер Шенгулер, како и Зафир Ангелески и Стефан Бушески, со тоа што Илиевски и Шенгулер, освоиле и златен медал за проект на Олимпијадата INЕPO 2011 во Турција. На истата Олимпијада во Турција златен медал освоиле и Горазд Коњановски и Елдин Адеми.

Учениците Мартина Сиљановска, Ајшен Рамадани, Мелда Мехмед, Марија Телеѓозова и Јане Ѓоргиев, од Хјустон се вратија со бронзен медал за својот проект.

Покрај медалите на младите физичари од САД и Турција, учениците на „Јахја Кемал“ за своите проекти по информатика годинава освоиле бронзен медал натпреварот INFO-MATRIX во Романија, како и сребрен и бронзен медал по предметот математика на Балканската олимпијада одржана во Романија, додека тројца нивни ученици Предраг Груевски, Филип Станковски и и Стефан Стожески ќе ја преставуваат Република Македонија на Светската математичка олимпијада.

Покрја фактот дека младите ученици, Македонци, Албанци, Турци и од други националности во неретко етнички мешовитите проект-тимови, освојуваат врвни признанија меѓу врсниците во светот, од приватната гимназија „Јахја Кемал“, со особена гордост потенцираат дека нивниот ученик Виктор Симјановски деновиве дипломирал на претстижниот МИТ во САД, како и дека нивниот ученик Бојан Јовевески е студент на МИТ, а првенецот на актуелната генерација Предраг Груевски се запишал на истиот Универзитет.

XS
SM
MD
LG