Линкови за пристапност

Кампања за намалување на употребата на антибиотици во Македонија


Кампања за намалување на употребата на антибиотици во Македонија
Кампања за намалување на употребата на антибиотици во Македонија

Македонија, на Светскиот ден на здравјето, започна кампања за намалување на употребата на антибиотиците „Без акција денес, нема лек утре“.

На промоцијата на кампањата по повод Светскиот ден на здравјето беше речено дека „сегашната ситуацијата е поразителна, зашто во Македонија владее таблетоманија“ и дека „граѓаните голтаат антибиотици и за најмали настинки и вирози“, што ги ставило антибиотиците на врвот на листата на употребувани лекови. Тие двапати повеќе се користеле во Македонија од европскиот просек, заедно со Грција и Кипар.

Испитувањата на Институтот за имунологија покажале фрапантни резултати дека населението во Македонија има поголема склоност кон алергии од антибиотици од соседните земји, што се врзува со фактот дека „антибиотикот за нешто е лек, а за друго може да биде штетен“.

„Молекулата имуноглобулин Е кај македонската популација е поголема одошто кај соседните народи, што значи поголема склоност кон алерии од пеницилин и други антибиотици“, вели Мирко Спировски од Институтот за имунологија.

Обидот, издавањето на антибиотици во земјата да биде само преку рецепт, не дала резултати, велат од Бирото за лекови.. Битката за профит во фармацевтскиот бизнис довела до масовно кршење на правилата и казните не значеле многу. Фармацевтот како одговорен во аптеката, може да биде казнет од 10 до 20 илјади евра, како и со одземање на лиценцата.

Но најголемата штета се одразува кај идните генерации, кажа Никола Пановски, микробиолог: „Неконтролираното земање антибиотици продуцира еден од најголемите проблеми на денешницата - отпорност на бактериите кон лековите“.

Проценката е дека за откривање на еден антибиотик се потребни десетина година, а за предизвикување резистентност на бактериите само неколку недели. Првиот чекор од Стратегијата на Македонија против оваа лоша навика е да убеди населението да не бара антибиотици.

XS
SM
MD
LG