Линкови за пристапност

Членовите на проектот „Македонија 2025“ велат дека државата е на добар пат


Членовите на проектот „Македонија 2025“ велат дека државата е на добар пат
Членовите на проектот „Македонија 2025“ велат дека државата е на добар пат

Успешните бизнисмени oд САД, по потекло од Македонија, како членови на Бордот на „Македонија 2025“, на македонските бизнисмени им понудија помош за отворање на нови пазари

„За економски развој треба вистинска акција. Последните четири години земјава бележи прогрес во повеќе сфери, но напорите за подобрување на состојбите мора да продолжат“, рече по бизнис средбата со претставниците на македонските компании, Мајк Зафировски, еден од членовите на Бордот на директори на проектот „Македонија 2025“, независна и неполитичка организација, предводена од успешни македонски бизнисмени од дијаспората, чија главна цел е подобрување на економијата на Македонија, Успешните бизнисмени во САД, по потекло од Македонија, Зафировски, Емил Христов, Роберт Арсов, Алекс Кормушов и Митре Кутановски, кои денес ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски и со други владини претставници, како членови на Бордот на „Македонија 2025“, вчера на македонските бизнисмени им понудија помош со своето искуство и контактите што ги имаат во странство, со совети и предлози за отворање на нови пазари и привлекување на нови странски вложувања во Македонија.

Според нивното искуство, Македонија треба да инвестира во образованието и во новите технологии за зајакнување на економијата. Заеднички став на петмината бизнисмени е дека засега Македонија се движи во вистинската насока, но дека треба уште многу да се сработи, а нивните заложби ќе бидат токму во насока на отворање на вратите за нови инвестиции. „Најголемото достигнување на ’Македонија 2025’ е тоа што ги отворивме вратите за комуникација со многу странски компании кои се запознаа со можностите за вложување овде и со потенцијалите што ги поседува оваа земја“, изјави Зафировски. „Македонија треба да вложува во образование и во нова технологија ако сака да биде силна и успешна економија, а напорите да ги насочи не само кон привлекување инвестиции, туку и кон отворање нови пазари со цел поголем извоз“, сметаат членовите на Бордот директори на „Македонија 2025.

Бизнисмените од САД сметаат дека Македонија има добра инфрастуктура и човечки ресурси, но дека треба да се работи на понатамошно привлекување на потенцијалните инвеститори, за да се убедат во квалитетите на македонските кадри и посточката инфраструктура.

XS
SM
MD
LG