Линкови за пристапност

Постои опасност туризмот и угостителството да бидат неповратно оштетени, предупреди Сојузот на стопански комори


Ново конфронтирање меѓу власта и опозицијата, овојпат за економската ситуација
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Оттаму бараат итно да се исплати поддршката за туристичко-угостителскиот сектор предвидена со петтиот пакет мерки

Ново конфронтирање меѓу власта и опозицијата, овојпат за економската ситуација. Наспроти денешното уверување на премиерот дека и во услови на пандемија „економијата е стабила“, ВМРО-ДПМНЕ смета дека мерките на владата ја влечат земјата надолу.

„Во услови кога падот на индустриското производство за првите два месеци од 2021 година изнесува цели 14%, во услови кога имаме 55.000 нови невработени лица во 2020 година и дополнителни 4.700 за првите два месеци од 2021 година, Премиерот Заев укажува дека економијата била стабилна и зборува за позитивни ефекти од преземените мерки. Падот на индустриското производство е речиси во сите дејности... Според управата за Јавни приходи, повеќе од 10% од фирмите немаат исплатени плати за февруари. Зарем тоа се позитивни ефекти од мерките на Заев и неговата криминална Влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, премиерот и владиниот економски тим, презентираа дека досега државата, во рамки на 4 пакети, ставила 860 милиони евра на располагање на стопанството и граѓаните како дел од 70 антикризни мерки за ублажување на ефектите од пандемијата.

„Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1%, вториот пакет мерки е 100% имплементиран, третиот пакет 75,4% и четвртиот пакет 72,7%. Гледано по компоненти на БДП, доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички и сите мерки кои ги донесовме, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8%, наместо -5,6% колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика“, рече премиерот Зоран Заев.

Премиерот очекува подобрување на состојбата во наредниот период – оптимизмот го влече од податоците дека буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, - 4,4% е растот на вкупните приходи, а 5% е растот на даноците и придонесите.

Но, наспроти позитивните оценки на владата, дел од бизнисите повикуваат на итна помош од државата. Сојузот на стопански комори бара итно да се исплати поддршката за туристичко-угостителскиот сектор предвидена со петтиот пакет мерки.

Проценките на комората се дека доколку не се обезбеди дополнителна директна и неповратна финансиска помош има реална опасност туризмот и угостителството да бидат неповратно оштетени.

Поради влошената здравствена ситуација, од вчера во земјава стапи на сила нова двонеделната забрана за работа на сите угостителски објекти – ресторани, кафеани, кафулиња, клубови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG