Во експлозии на две автомобили-бомби во шиитскиот свет град Карбала загинале најмалку пет лица, а повредени се барем 55, јавија ирачките власти.
Полицијата соопшти дека првата бомба експлодирала во понеделникот во близина на храмот Имам Хусеин, свето место за муслиманите шиити. Втората експлозија се случила неколку минути подоцна во близина на општинската канцеларија во истата област во градот.