Линкови за пристапност

Секуларна коалиција води според некомплетните резултати на изборите во Ирак


Ирачка секуларна коалиција предводена од поранешниот премиер Ијад Алави води пред коалицијата на премиерот Нури Ал-Малики според некомплетните резултати на парламентарните избори одржани на 7-ми март.

Ирачка секуларна коалиција предводена од поранешниот премиер Ијад Алави води пред коалицијата на премиерот Нури Ал-Малики според некомплетните резултати на парламентарните избори одржани на 7-ми март.

По пребројување на речиси 80 проценти од гласовите, фракцијата Иракија на Алави води пред коалицијата на Малики, Законска држава со околу 9.000 гласови.

Ова е прв пат Алави, секуларен Шиит, да има водство во процесот на пребројување на гласовите, но тој и натаму е зад верскиот шиит Малики, во проектираните парламентарни места. Фракцијата која ќе има најмногу места ќе се соочи со предизвикот да формира коалиција за мнозинство во 325-члениот парламент.

Малики во вторникот испрати писмо до Ирачката изборна комисија, во кое ги обвинува изборните работници за манипулирање во пребројувањето на гласови во полза на неговите ривали. Малики бара ново пребројување на гласовите во Багдад, провинцијата од која доаѓаат најмногу од парламентарните места.

Алијансата на Малики го одржува водството во седум од 18-те ирачки провинции, вклучувајќи го и Багдад.

XS
SM
MD
LG