Линкови за пристапност

Македонија и Албанија не очекуваат економски санкции од Москва


Скопје и Тирана не очекуваат дека Москва ќе им воведе економски санкции, како одговор на протерувањето на руски дипломати од двете држави минатата недела. Министрите за земјоделство на Македонија и Албанија порачаа дека не се за санкции, туку за отворање на нови пазари.

Изјава на Љупчо Николовски, министер за земјоделство на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:43 0:00

„Не очекуваме санкции од ниту една страна, напротив, Владата и министерот за земјоделство работат на овозможување нов пласман и отворање на нови договори за македонското производство надвор од Македонија. Јас сум претседател и на меѓувладината македонско-руска комисија и досега не сум информиран за никакви потенцијални санкции или кои било други мерки коишто од политички аспект би биле преземени“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија.

„Ние ги делиме и двата процеса. Се надеваме дека политичките аспекти нема да бидат пречка, всушност за нас не се ниту пречка за интензивирањето и поголемо подобрување на нашите односи, било тоа да се економски, трговски или од областа на културата“, изјави Нико Пелеши, министер за земјоделство и храна на Албанија.

Изјава на Нико Пелеши, министер за земјоделство и храна на Албанија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:19 0:00

Македонскиот министер Николовски, додаде дека не треба да се разговара за санкции и блокади, туку за олеснување на целокупната соработка и за намалување на постапките на граничните премини. Според податоци на Македонско-руската стопанска комора, Македонија во Русија извезува 70% од своите земјоделски производи. Во 2016-та година трговската размена меѓу двете држави била 200 милиони долари.

Инаку Македонија на почетокот на минатата недела протера еден руски дипломат од земјава. Од Министерството за надворешни работи соопштија дека одлуката била донесена во тесна консултација со сојузниците и партнери од ЕУ и НАТО, а како солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, поради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961-та. Оттаму изјавија дека користењето на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, изјави дека одлуката е донесена и со цел, заштита на сопствените безбедносни интереси на Македонија.

Од амбасадата на Русија во Скопје, сметаат дека целосната одговорност за последиците, како што рекоа од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи, ќе ја сноси македонската страна. Инаку во однос на последните случувања, рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак, и` се закани на Македонија дека доколку стане членка НАТО, ќе стане легитимна цел, во случај на конфликт меѓу НАТО и Русија.

„Москва смета дека Скопје оваа „непријателска одлука“ ја донело под притисок на НАТО, но ваквата околност не ја ослободува македонската влада од целата одговорност за последиците во нашите билатерални односи. Протерувањето на дипломатот е многу сериозен чин и навремено ќе дадеме соодветен договор, анализиран од сите страни“, изјави рускиот амбасадор на минатонеделната прес-конференција.

Во меѓувреме, и Русија протера дипломати на вкупно 23 држави, меѓу кои се и Македонија и Албанија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG