Линкови за пристапност

Компјутерот Мак на Епл наполни 30 години


Со претставувањето во 1984-та од ко-основачот на Епл, Стив Џобс, овој компјутер го револуционизира компјутерскиот свет.

Среќен роденден за Мекинтош компјутерот на Епл, кој наполни 30 години во петок.

Од 1984-та кога починатиот ко-основач на Епл, Стив Џобс го претстави, Мак го револуционизираше компјутерскиот свет.

Во тоа време, за компјутерите типично требаше да впишете сложени шифри, познати како команди, но Мак беше многу пинтуитивен.

Овие компјутери беа и многу поевтини, 2.500 долари наместо 10.000 долари колку што тогаш чинеше еден компјутер. Дизајнот беше пријатен, со лице со насмевка што ве поздравува кога ќе го вклучите.

Со време, и ривалските персонални компјутери на Мајкрософт Виндоус почнаа да личат и да работат како Мак.

Епл продолжи со иновациите изминатава деценија, со АјПод, АјФон и АјПед кои мобилното компјутерство го направија дел од секојдневното живеење на луѓето.

И Мак продолжува да живее.
XS
SM
MD
LG