Линкови за пристапност

Македонија: Коментари од посетата на ДУИ на Вашингтон и Атина


Македонските аналитичари критични за посетите на Ахмети и Бесими

Активностите на ДУИ на меѓународен план со посетата на претседателот на партијата Али Ахмети на Вашингтон како и посетата на вицепремиерот за европски интеграции од оваа партија, Фатмир Бесими на Атина, предизвика коментари и анализи во домашната јавност.

„Оваа е неуспешен полтички маркентиг на ДУИ. Личностите со кои се среќава Ахмети во Вашинготн се на ниско ниво. Нивото на кое се прима Ахмети доволно укажува на тоа дека од него не се очекува многу. Американската аднмистрација има доволно капацитет да препознае што е функционална полтичка активност, а што политички маркетинг“, вели во својот коментар за Гласот на Америка на македонски јазик аналитичарот Арсим Зеколи.

Од друга страна аналитичарот Мерсел Биљали верува дека „оваа активност на ДУИ има искрени намери да се направи поместување во процесот на преговорите за разликите со Грција за името кои ги блокираат интеграциските процеси на Македонија“.

„Мислам дека ДУИ сватија оти е погрешно албанкиот блок да се држи настрана од прашањето за името поради чувствителноста на проблемот. Поминаа седум години, а Груевски уште повеќе ги иритира Грците за да го избегне решавањето на проблемот. ДУИ со ова става на знаење дека или ќе има решение на проблемот или Македонија ќе влезе во политичка криза која ќе заврши со создавање на широка коалиција“, вели Мерсел Билали за Гласот на Америка.

Од своја страна, професорот Денко Малевски смета дека посетата на Вашингтон би била ефикасна ако ставовите на Ахмети се усогласени со оние на коалицискиот партнер ВМРО ДПМНЕ.

„Изненадува инсистирањето во изјавите од ДУИ дека меѓу нив и ВМРО ДПМНЕ нема разлики по прашањето за името, но од друга страна според однесувањето на истакнати претставници на ВМРО ДПМНЕ се нема впечаток дека е тоа така. Тешко е да се очекува дека неговата посета во Вашингтон ќе донесе некакви резултати“, ни рече професорот Денко Малевски. Тој исто така смета дека ако нема согласност меѓу коалциските партнери по ова прашање и посетата на минстерот Бесими би можела да биде злоупотребена од Грција, и да внесе раздор по етничка линија околу едно чувствително прашање какво што е тоа за името, вели Малевски.
XS
SM
MD
LG