Постапката започна откако вчера Бранко Црвенковски и официјално соопшти пред Централниот одбор на партијата дека нема намера да се кандидира за лидер на претстојниот партиски конгрес закажан за 2 јуни.
По неговото повлекување од партијата денеска четири видни членови на СДСМ ги официјализираа своите кандидатури.
Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумовски се четворицата кандидати за претседателското место на опозициската СДСМ.
„Нудам свој концепт и визија заедно со кадровското решение кое ќе биде ставено на маса , а тоа е Радмила Шеќеринска, како мој заменик. Нашата идеја е да понудиме економски решенија и визија за нашата земја, кои тесно би биле врзани и со надворешната политика. Наша интенција е да понудиме алтернатива на живеење со која ќе го свртиме вниманието прво на партијата, а потоа, се разбира на нашите граѓани, од она денес што го имаат со оваа власт“, изјави Заев образложувајќи ја кандидатурата.
Игор Ивановски, својата кандидатура ја соопшти со најава за големи промени во партијата.
„По заминувањето на најсилното персонално решение од СДСМ, Црвенковски, за партијата ќе биде погрешно претстојниот конгрес да се сфати само како можност за персонални промени и голи и нефункционални кадровски комбинаторики. Останувам принципиелен на мојот став дека на СДСМ му треба темелна, модерна и оперативно-организациона промена“, изјави Игор Ивановски.
Зоран Јовановски, актуелниот потпретседател на партијата не ја официјализираше кандидатурата, но ниту ги демантираше информациите во јавноста дека тој е еден од кандидатите.
„Моето име не се спомнува случајно. Јас во моментов немам поднесено кандидатура, и до формалното поднесување нема да давам изјава. Имам поддршка од Гордан Георгиев и Ана Павловска-Данева. Најважно е СДСМ по конгресот да излезе силен и единствен“, рече Јовановски.
Кире Наумов, кој својата кандидатура ја најви уште пред објавувањето на одлуката на Црвековски дека нема да се кандидира за претседател, најави дека има намера да ги анимира неутралните граѓани.
„Имам поддршка од многу членови, како што и барам поддршка од буквално сите членови: новите, ветераните, избрканите, но и се разбира, неутралните, граѓаните“, изјави Наумов.
Новиот претседател на СДСМ ќе биде познат на когресот на оваа партија, што ќе се одржи на 2 јуни.