Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска јавно проговори околу настанот во Слупчане каде што тој и неколкумина припадници на АРМ им одаде почит на загинатите припадници на ОНА во конфликтот во 2001 година. Пораката од овој негов гест е, како што рече, покана за помирување.
„Јас не се амнестирам, но мојот став го кажав во однос на настанот во Слупчане и мислам дека поентата од целиот случај е дека ние меѓусебе треба да се почитуваме и да сфатиме дека живееме во иста куќа и имаме заедничка иднина“, изјави Фатмир Бесими и додаде дека помирувањето е клучот за успехот на Македонија.
„Клучот на сe` е дека ние имаме заедничка иднина. Има решенија за сe`. Македонија заслужува да биде дел од евроатлантските структури, а тоа можеме доколку ние меѓу нас ги надминуваме разликите, заеднички работиме и гледаме како идните генерации да имаат посветла иднина и тоа ние можеме да го постигнеме ако се обидеме да се разбереме меѓу себе“, рече Бесими.
Во врска со изјавите на шефот на државата и воедно врховен командата на вооружените сили за тоа дека некој треба да сноси одговорност за овој чин Бесими нагласи дека немало прекршување на процедурите. Униформираните лица кои присуствуваа на настанот, како што рече минитерот, таму биле по негова наредба.
На прашањето каде се разидуваат со заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, кој соопшти дека ќе се покренат дисциплински постапки, Бесими одговори дека во сите изјави и соопштенија се презентира ставот на Министерството, а не се коментира.
Во врска со законот за бранителите, Бесими истакна дека ДУИ и пратеничката група имаат изградено и презентирано политички став и нема ништо повеќе да додаде.
Во меѓувреме се продлабочува политичката криза во Собранието предизвикана од спротиставените ставови на партнерите во владеачката коалиција за предлог законот за бранителите. Спикерот Вељановски по неколку обиди сепак не успеа да ги обезбеди потребните 83 пратеника за да се изгласа Законот за следење на комуникаци.
Исто така беше одложена и работата на две собраниски комисии поради немање на кворум. Двете собраниски комисии беа одложени поради одсуство на претеници од ДУИ.