Линкови за пристапност

Македонија: Ново преименување на училиште


Продолжува меѓуетничката конфронтација на релација ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ

Додека во Собранието тече комисиската расправа за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов закон за бранителите од 2011 со кој не се опфатени и правата на припадниците на Ослободителната армија на Албанците, со чија пацификација се формираше коалициониот партнер во Владата – ДУИ, локална власт во скопската општина Чаир во која главен збор имаат токму кадри на ДУИ, продолжува со преименување на основните училишта.

Медиумите на македонски јазик, кои изминатава недела ги пренесуваа реакциите на дел до етнички-македонската јавност, според кои поставувањето на нови табли на основните училишта со кои имињата на историски личности од македонската историја се менуваат со имиња на личности значајни за албанска историја, но и со имиња на личности - етнички Албанци од поново време, денес ја пренесоа веста за новата одлука - едно основно улиште во Чаир да го носи името на Косовeцот Адем Јашари, еден од основачите на Ослободителната армија на Косово кого го убија српските сили во 1999 година. Иако според медиумиските извештаи, пред неколку години истото училиште веќе беше преименувано од „Даме Груев“ во „Седми март“ (Ден на наставниците-Албанци), општината Чаир сега донесува нова долука за преименување со ново контроверзно име.

Министерот за образование и наука Панче Kралев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по минатонделниот случај со менување на имињата не четири училишта што предизвика бројни рекации, потенцираше дека општината Чаир нема одобрение за менување на имињата на училиштата и дека одлуката на општинската власт е незаконска. Директорот на Инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански најавуваше дека е можна и интервенција на полицијата.

Но, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, кажа дека до денес, до полицијата не било доставено официјално барање за асистенција за досегашните случаи со промената на имињата на училиштата „Рајко Жинзифов“, „Цветан Димов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“, во „Исмаил Ќемали“, „Хасан Приштина“ „Јашар-бег“ и „Имри Елези“.

По повод последното преименување на училиште, министерот Кралев денес изјави дека „просветниот инспекторат ќе постапи како и во другите случаи, излезен е на терен и се констатира состојбата.

Нов текст за меѓуетничките односи во Македонија е очекува уште утре кога во во Основниот суд во Гостивар почнува судскиот процес против полицаецот Јаќим Трифуновски кој во февруари годинава ги застрела сограѓаните Бесник Шеапи и Имран Мехмеди по кавга за паркинг простор. Ова двојното убиство создаде тензии, па во Гостивар беа организирани демонстрации, во кои дел од помладите демонстранти фрлаа камења врз канцеларии на државни институции и врз локали чии сопственици се етнички Македонци.
XS
SM
MD
LG