Линкови за пристапност

Македонија доби препорака за преговори со задршка


Македонија доби препорака за преговори со задршка
Македонија доби препорака за преговори со задршка

Европската комисија повторно препорача почеток на преговорите за Македонија, но само ако продолжи со реформите

Европската комисија денеска во Брисел го презентираше Извештајот за напредокот на државите од Западниот Балкан и Турција. Македонија и овој пат, трет по ред, доби препорака за почеток на преговорите иако оценката на комесарот за проширување Штефан Филе е дека е постигнат ограничен напредок на планот на реформските процеси. Тој исто така напомена дека доколку во Македонија продолжи застој на реформите во некои од клучните области Македонија може да се соочи со ризик да ја загуби препораката за почеток на преговори дури и ако го реши проблемот со Грција. Филе додаде дека актуелната вицепремиерка за европски интеграции покажала посветеност на процесот. Ако тоа во иднина зајакне и има решение за спорот со името прговорите може брзо да почнат, изјави Штефан Филе.

Во Извештајот годинава како критични точки на кои треба да се посвети веднаш внимание е независноста на судството, администрацијата, борбата против корупцијата и слободата на медиумите.

Во Извештајот се наведува дека треба да се направат големи напори за да се зајакне квалитетот на судството преку постојана обука и именување на судии според заслуги. „Независноста на судиите треба да се сочува во контекст на процедурите за евалуација на нивната работа и разрешувањата“, се вели во Извештајот.

Администрацијата според овој докумет не добила преодна оценка. Рефрмите во оваа сфера се оценети како ограничени. „Потребни се реформи за да се обезбеди независнота и професионалноста на адмнистрацијата“, стои во документот.

Борбата против корупцијата, што пред две години доби добра оценка, сега е критикувана. Извештајот вели дека не постои доволна транспарентност при јавните набавки како и при финасирањето на политичките партии.

Што се однесува до слободата на медиумите се вели дека „новинарите се изложени на полтички притисоци и заплашувања“. Извештајот исто така изразува загриженост што владата е еден од најголемите огласувачи на маркетиншкиот пазар и што парите се насочуваат кон телевизиски канали кои се провладини. Постапките за затворањето на А1 ТВ и весниците Време, Шпиц и Коха е Ре, се оценети како непропорционални и селективни.

Ова се главните забелешки за кои европската администрација очекувва во најскоро време да бидат преземени мерки кои ќе покажат конкретни резултати во подобрувањето на состојбите.

Инаку, ЕК оваа година препорача Црна Гора да започне преговори за членство, а на Србија и` додели статус на земја кандидат со можност кога ќе ги нормализира односите со Косово да започне и преговрори за членство.

XS
SM
MD
LG