Линкови за пристапност

Избирање на членови на Комисијата за избирачки список без присуство на опозицијата


Избирање на членови на Комисијата за избирачки список без присуство на опозицијата
Избирање на членови на Комисијата за избирачки список без присуство на опозицијата

Политичката криза во која западна Македoнија продолжува да се компликува. Власта и опозицијата остануваат на дијаметрално спротивни позции.

На координативната седница, свикана од спикерот Трајко Вељановски, претставниците на владеачкото мнозинство именуваа Комисја за избирачки список без присуство на опозицијата. За прв човек на оваа комисија, како член на СДСМ, е именувана пратеничката Цветанка Иванова, наводно без нејзина согласност.

„Ова е подадена рака за Комисија за избирачки список. Ја избравме за претседател Цветанка Иванова, координаторката на пратеничката група на СДСМ“, изјави спикерот Вељановски.

Вељановски најави дека уште во вторник социјалдемократите ќе добијат допис од Комисијата за избори и именувања за до четврток да се определат кој ќе биде прв човек на ДИК. Во меѓувреме Владата ќе ги утврдела измените на изборната регулатива за до крајот на неделава да ги врати во Собрание.

Опозицијата го отфрли повикот од Вељановски.

„Уште еднаш јавно предупредуваме дека Груевски Вељановски немаат мандат ниту право да предлагаат и избираат било кого во името на СДСМ. Оттука, секој евентуален избор на претседател на ДИК, вклучително и претседател и член во Собраниската комисија за прочистување на избирачкиот список врз основа на слободни проценки на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, а без присуство на СДСМ, нема легитимитет. Затоа ова е обид за политичко насилие што не смее да се случи“, рече Јани Макрадули.

Социјалдемократите воедно најавија дека ќе го испочитуваат законскиот рок за кандидирање на претседател на ДИК. Во четврток тие ќе бирале меѓу петмина нивни членови.

Од партијата рекоа дека се подготвени да делегираат и членови на комисијата за избирачки список, откако бидат исполнети нивните услови за почнување на политички дијалог за одржување на фер и демократски избори.

Во врска со иницијативите за предвремени избори се изјасни и преседателот Ѓорѓе Иванов.

„2011-та година требаше да биде посветена на сериозни одлуки кои ќе придонесат за продолжување на процесот на евроатлантски интеграции на Македонија. Меѓутоа, сега кога од одредени политички актери создадена е состојба дека мора да се оди на избори , на нив треба да учествуваат сите, затоа што изборите се моментот кога граѓаните ја предаваат власта“, изјави Ѓорѓе Иванов.

Во својата изјава тој повика на одговорно однесување од секој политички актер во Македонија за изборите, сеедно кога тие ќе се одржат.

XS
SM
MD
LG