Дајте му шанса на народот да одлучува, ајде да одиме на избори, изјави од говорницата на протестите во Штип организрани од СДСМ лидерот на оваа опозициска партија Бранко Црвенковски. Опозиционерите потоа најавија уште серија на протести со кои ќе го засилат ова нивно барање за предверемни избори, обвинувајќи ја власта дека нема капацитет да и` овозможи на Македонија да започне преговри со ЕУ и членство во НАТО. Оваа барање на опозициските социјалдемократи денеска го подржаа и другите опозициски партии.
ЛДП ќе ја поддржи секоја можна иницијатива за смена на оваа неуспешна и бесперспективна политика на Груевски, па макар кога и таа доаѓа од веќе истрошениот Бранко Црвенковски, изјави Андреј Жерновски од Либерално-демократската партија. Сличен став имаа и во партијата на Новите социјалдемократи. Со оваа влада, Република Македонија ниту ќе добие датум за преговори, ниту ќе стане членка на НАТО, вели Горан Мисовски од НСДП.
Подршка за инцијатива за предвремени избори има и од десничарски ориентираната опзиција-Обедбнити за Македнија и ВМРО народна.
Од владечката ВМРО ДПМНЕ засега нема конкретен одговор за иницијативата на опозиционерите.
„Не би можел сега да ви кажам, се` до моментот додека не го видиме барањето. Партијата во овој момент нема став по тоа прашање“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во владеачката ДУИ немаат коментар. Кусата изјава вели дека е „ легитимно право е да се бара гласање на доверба на владата“.
Во наредниот период според ставовите на аналитичарите се очекува да се зголеми притисокот врз опозициските партии со барање за предвремени избори и покрај испитувањата на јавното мислење кои покажуваат предност на владеачките партии.
Сепак, истражувањето на Галуп покажа дека дури 63 отсто од граѓаните во Македонија сметаат дека ниту една политичка партија или политички лидер не ги застапува нивните интереси.