Линкови за пристапност

Реакции по историскиот самит Трамп-Ким Јонг Ун


Лидерите од Азија како и од другите места испратија оптимистички тон за иднината по историскиот самит кој денеска се случи меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, во Сингапур.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин, кој го отвори патот за самитот на Трамп-Ким во Сингапур, изрази надеж за „целосна денуклеаризација и мир“ на Корејскиот Полуостров.

Жителите на Сеул денеска изјавија дека се среќни што ги виделе американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, како разговараат за мир, а не за војна.

Во Пекинг, министерот за надворешни работи Ванг Ји, изјави дека Кина се надева оти разговорите на САД и Северна Кореја, конечно би можеле да доведат до мировен договор со кој формално ќе се стави крај на Корејската војна.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе им истакна дека Северна Кореја „ќе има светла иднина ако оди по прав пат“. Во писмената изјава издадена неколку часа подоцна, тој додаде дека ветувањето на Пјонгјанг за целосна денуклеаризација е позитивен „прв чекор во сеопфатна резолуција“.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, вели дека Москва е подготвена да помогне во спроведувањето на договорот, според извештајот на новинската агенција ТАСС.

Минатата година двајцата лидери разменуваа навреди, двајцата се закануваа со воена акција, додека тензиите ги зголемија тестовите на нуклеарно оружје на Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG