Линкови за пристапност

Мјанмар уништи запленета дрога во вредност од 446 милиони долари


Властите во Мјанмар уништија нелегални дроги во вредност од над 446 милиони долари, запленети од целиот округ по повод одбележувањето на годишниот меѓународен ден за борба против трговијата со дрога.

Уништувањето на дрогата во понеделникот дојде откако експертите на ОН предупредија на зголемување на производството на опиум, хероин и метамфетамин во Мјанмар, при што извозот се заканува да ги прошири пазарите во Јужна и Југоисточна Азија.

Мјанмар има долга историја на производство на дрога поврзана со политичка и економска несигурност предизвикана од децениски вооружени конфликти.

Земјата е главен производител и извозник на метамфетамин и втор по големина производител на опиум и хероин во светот по Авганистан, и покрај повторените обиди да се промовираат алтернативни легални култури меѓу сиромашните земјоделци.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG