Американските пошти по повод Лунарната Нова година, денеска во сојузната држава Хаваи ја објавија најновата поштенска марка од серијата.
Дизајнот на поштенската марка во чест на Годината на кучето, е на американскиот уметник со азиско потеко, Кам Мак. На неа има бамбус за среќа и црвен квадрат со кинеската буква „фу“, што значи добра среќа.
Ова е 11-тата специјална марка во 12-годишната серија, којашто ќе продолжи до 2019-та година, со поштенска марка за Годината на дивата свиња.
Илустраторот на овогодишната серија се фокусираше на одредени вообичаени начини за одбележување на Кинеската Нова година. На претходните марки беа прикажани маски за змеј, тапани, кинески фенери и огномет.
Годината на кучето започнува на 16-ти февруари.
Facebook Forum