Во пожар во ноќен клуб во Истанбул кој се реновирал, загинаа 27 лица, а неколку беа тешко повредени, соопштија официјални лица и извештаи.
Најмалку осум лица се повредени, од кои седум се хоспитализирани во тешка состојба, јави државната агенција Анадолу.
Ноќниот клуб, кој беше затворен поради реновирањето, се наоѓа на приземјето на 16-катната станбена зграда во квартот Бешикташ на европската страна на градот пресечен од Босфорот.
Пожарот е ставен под контрола.
Гувернерот Давут Ѓул за новинарите на местото на настанот изјави дека причината за пожарот е под истрага, а се верува дека жртвите се вклучени во реновирањето.
Извор: Асошиетед прес