Линкови за пристапност

Почина поранешниот сенатор Лугар


Тој беше познат како експерт за надворешна политика

Поранешниот долгогодишен републикански сенатор од Индијана Ричард Лугар почина на 87-годишна возраст.

Смртта на сенаторот ја објави Центарот Лугар, кој преку соопштение изјави дека починал во Институтот за кардиоваскуларна медицина во Вирџинија.

Лугар беше експерт за надворешна политика, кој помогна да се спроведе нуклеарното разоружување во поранешните советски држави.

Тој првпат беше избран за сенатор во 1976 година, по осум години служба како градоначник на Индијанополис.

Тој ја изгуби битката за седми мандат во Сенатот во примарните избори во 2012 година, по нападите врз него за соработка со демократите и пријателството со поранешниот претседател Барак Обама.

Во 1996 година тој беше во трка за претседател на САД, со фокус на заканите од тероризмот, години пред нападите на 11 септември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG