Американците продолжуваат да купуваат ливчиња за американската лотарија „Мега милионс“ иако шансите да станат инстант мултимилионери на синоќешното извлекување се многу мали.
Можната добивка на џекпотот изнесува 970 милиони долари, а сумата може да надминеeи милијарда долари во зависност од бројот на продадени ливчиња.
Во меѓувреме, џекпотот за другата американска лотарија „Пауербол“ чие излекување ќе биде во сабота изнесува 430 милиони долари.
Шансите за добивка во двете извлекувања се еден на 302 милиони. Сепак многумина сметаат дека е забавно кога сонуваат за огромната сума која може да се добие со лоз чија вредност е само 2 долари.
Facebook Forum