Линкови за пристапност

Две ливчиња - големи добитници на лото


Втората по големина добивка во американската историја се проценува на 580 милиони долари.

Официјални лица на државната лотарија велат дека две добитнички ливчиња ќе го поделат вториот најголем џекпот во американската историја, проценет на 580 милиони долари.

Ова е соопштено само неколку часа по извлекувањето на Powerball, што покажа дека две ливчиња биле купени со шесте извлечени цифри. Шансите за тоа да се случи се ценат на еден наспрема 175 милиони.

Други 8,9 милиони луѓе погодиле некои од цефрите, добивајќи помали суми што заедно се вредни повеќе од 131 милион.

Овој џекпот се градеше со месеци, зашто немаше добитник со сите извлечени цифри 16 последувателни извлекувања.

Масивната потенцијална исплата натера многу Американци да играат лото, а во некои држави беа продавани ливчиња за два долари со стапка од 10.000 во минута.
XS
SM
MD
LG