Линкови за пристапност

До Лондон – со тетовирање!


Олимпијците во САД не примаат владина помош и наоѓаат уникатни начини за спонзорирање.

За американските спортисти, сонот за олимписка слава зависи од тоа дали ќе привлечат доволно спонзори. Владата на САД не обезбедува поддршка за подготовката за Олимписките игри, така што многумина од нив се прунудени на несекојдневни начини да собираат пари.

Тркачот на 800-тини метри Ник Сајмондс од Јуџин, сојузната држава Орегон, неодамна го понуди своето рамо на аукција на Интернет-страницата И-беј.

„Во јануари се решив на таков чекор со намера да го свртам вниманието на јавноста на тешкитиите низ кои минуваат спортистите во исполнувањето на олимпискиот сон“, коментира Сајмондс.

Агенција за рекламирање од Висконсин го купила просторот за реклама и неговот рамо сега е - тетовирано.

„Хансон Доџ криејтив победи на наддавањето со 11.100 долари, значително повеќе од сумата што мислев дека вредат неколку милиметри на моето лево рамо“, раскажува атлетичарот.

Сајмондс, навидум, е во предност пред другите спортисти кои сонуваат за Олимпијадата - тој усепал да најде и други спонзори и може да се насочи на тренинзите. Други атлетичари мора да најдат доволно време за натпреварувањата ширум земјата на кои се борат за троефи што носат пари, за хонорарните работи – сето тоа згора на ригорозните тренинзи - така што честопати не успеваат да обезбедат пласман во олимписката екипа.

Во Сиетл, атлетичарката на долги патеки Роуз Ветцел и спринтерката Фалиша Анктон неодамна одржаа заедничка коктел-забава на која собираа донации за своите подготвки за Лондон.

„На почетокот ми беше чудно да организирам средба за себе и моите цели, но се` повеќе луѓе ми велеа дека се работи за одлична идеја и дека сакаат да ми дадат поддршка“, вели Ветцел.

Таа исто така ќе даде една третина од собраните средства за Олимпијадата на лица со специјални потреби.

Портпаролот на Олимпискиот комитет на САД, Марк Џонс, е согласен дека американските олимпијци мора да бидат покреативни од другите за да обезбедат поддршка, но не смета дека се наоѓаат во неповолна положба.

„Не може да се каже дека нашиот систем не функционира кога нашите репрезентации се толку успешни на Олимпијадите“, аргументира Џонс.

XS
SM
MD
LG