Лондонската полиција го уапси возачот на автомобилот кој намерно удрил во група пешаци и велосипедисти, пред да ги погоди заштитните огради близу Британскиот парламент. Во инцидентот биле повредени три лица, од кои двајца се хоспитализирани се надвор од животна опасност. Властите рекоа дека се работи за лице во доцни 20-ти гоидни.
Надлежните додадоа дека во автомобилот немало други луѓе и дека не било пронајдено оружје.
Претседателот на САД Доналд Трамп, за нападот во Лондон реагираше преку Твитер: „Уште еден напад во Лондон. Овие животни се луди и мора да бидат спротивставени со строгост и силина“, кажа тој.
Минатата година, автомобил удри во пешаци на мостот Вестминстер кој се наоѓа во близина на парламентот, при што загинаа четири лица. Напаѓачот потоа со нож уби полицаец пред парламентарната зграда, по што беше застрелан.
Facebook Forum