Линкови за пристапност

Идентификуван и третиот напаѓач во Лондон


Полицијата соопшти дека привела и дополнително лице за наводна поврзаност со нападот

Британија ширум целата држава, со едноминутно молчење, им оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад од саботата. Полицијата го соопшти името на третиот напаѓач, којшто по нападот беше усмртен, додавајќи дека уапсила дополнително лице, осомничено за поврзаност со инцидентот.

Полицијата верува дека 22-годишниот Јусеф Загба е третиот напаѓач во Лондон, кој досега не беше идентификуван. Загба се верува дека е државјанин на Италија, со потекло од Мароко, кој живеел во Источен Лондон и кој претходно не бил предмет на истрага ниту од полицијата, ниту од британската разузнавачка агенција.

Единиците за контра-тероризам денеска уапсиле 27-годишно лице, без да дадат дополнителни детали за тоа како би можел да биде поврзан со нападот во кој загинаа 7 лица, а повредени се најмалку 50 други.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG