Линкови за пристапност

Паметниот телефон наместо со раце ќе може да се користи со глава


Продажната веб платформа eBay пронајде најчин како да пребарувате по интернет без да ги употребувате прстите. Нивното решение е, буквало кажано, да ја упoтребите главата

Онлајн шопинг, проверување какво ќе биде времето, испраќање пораки... Ова се само некои од работите кои луѓето ги прават на своите мобилни телефони. Но, што е со оние кои имаат моторни пречки во движењето или не можат да го држат телефонот?

„Денеска за нив е речиси невозможно да имаат директна интеракција преку нивните мобилни телефони“, вели Џинронг Кси, програмер во eBay.

Можеме ли да го искористиме движењето на главата за да го придвижиме виртуелното пенкало на мобилниот телефон?
Џинронг Кси, програмер во eBay

Кси настојувал да најде решение при работа со практикант кој сакал да купува онлајн, но не можел да го држи телефонот, а имал проблем и при користење на гласовно контролиран софтвер. Поради ова, размислувале да го искористат движењето на очите, но се покажало дека очите не се движат непречено. Затоа дошле до друга идеја.

„Можеме ли да го искористиме движењето на главата за да го придвижиме виртуелното пенкало на мобилниот телефон?“, се запрашал Кси.

На ваков начин е созаден новиот производ на eBay, HeadBaze, кој ја користи камерата на паметните телефони за да гo следи движењето на главата, односно гестовите кои ги прави корисникот.

„Употребивме информации за 3Д позиции на главата и направивме некои математички пресметки. Тие информации ги проектиравме на 2Д екран така што телефонот ќе знае во кој дел од екранот гледате“, вели Кси, додавајќи дека новиот производ има поширока примена.

Од eBay велат дека софтверскиот код ќе биде слободно достапен за програмерите, со цел да можат да придонесат со свои идеи за беспрекорно пребарување по интернет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG