Линкови за пристапност

Помалку е повеќе


Професор „Контејнер“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Професор „Контејнер“

Професор од Тексас доби прекар „Контејнер“ за експериментот да се живее еколошки во - три метри квадратни метри.

Џеф Вилсон е професор по животна средина на Универзитетот Хјустон-Тилотсон во Остин, сојузната држава Тексас. Познат е како „Професор контејнер“, затоа што ги учи студентите да живеат со минимално влијание врз животната средина.

„Идејата е да учат за оддржливоста, да се живее со помалку, и тоа да се одрази на многу повеќе отколку само на студентите во мојот клас“, резонира Вилсон.

Курсот е во три фази. Првата е основно кампување. Вилсон, еден од неговите студенти или пак членови на локалната заедница, минуваат еден ден во контејнерот. Користат вреќи за спиење, пијат филтрирана вода од езерото во близина, а хигиената ја оддржуваат со влажни крпи. За тоалет, користат шишиња, или пак одат во тоалетите на Универзитетот. Во малата градина одгледуваат зеленчук. Во втората фаза, користат апарати што штедат енергија, додека во последната, го опремуваат нивниот дом, контејнерот, со соларни плочи и со тоалет од кој се добива ѓубриво.

На почетокот, некои студенти беа скептични. На други, пак, веднаш им се допаднала идејата.

„Кога ни го објасни проектот, му реков, чудно е, но ми се допаѓа идејата. Веднаш прифатив“, раскажува студентката Анџелика Еразо.

Вилсон вели дека три метри квадратни е нешто повеќе од еден процент од просечниот американски дом. Сака да види дали е можно да се живее со само еден процент од просечната потрошувачка на енергија и на вода, истовремено создавајќи само - еден процент отпад.

Експриментот ќе трае една година.
XS
SM
MD
LG