Линкови за пристапност

Со графити и танци против насилство врз жените


Со графити и танци против насилство врз жените
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Филм за четири жени од различни делови на светот, со цел да се покрене свеста за женските права на глобално ниво

Четири жени од различен крај на светот ја користат уметноста за да направат позитивни промени во општеството.

Секоја на свој начин, преку графити, танцување и моден дизајн, зборува гласно против домашното насилство, сексуалната експлоатација и секаков вид тортура и дискриминација.

Панмела Кастро од Бразил - посветена на улична уметност. Преку цртање графити сака да ја покрене свеста за проблем, кој лично го преживеала - домашно насилство.

„Мојата уметност е моја автобиографска историја. Но, мојата историја е реалност за многу други жени. Се променив многу. Размислувам за полот и слободата. Жените се убави, но, во исто време тие плачат многу. Како да се во некој вид затвор“, вели Кастро.

Систер Фа од Сенегал - пејачка и активистка, жртва на генитално обрежување во детството. Патува низ Африка да покрене дебата против генитално обрежување, кое таму се`уште e табу тема.

„Не сфатив дека не сум комплетна жена, се` додека не тргнав на училиште, и научив како треба да изгледа женскиот полов орган. Знаев дека нешто му недостига на моето тело. Никој не ми кажа. Открив сама“, рече таа.

Ана Тејлор - моден дизајнер која живее во Кенија. Им помага на африканските жени да го искористат нивниот потенцијал, и да почнат да заработуваат.

„Кога првпат отидов во Кенија имав 19 години. Видов како живеат моите врснички. Сакав да им помогнам и да можат да одат на универзитет, исто како мене“, вели Тејлор.

Сохини Чакрабори - танчерка и социолог. Им помага на жртви на сексуална експлоатација. Верува дека танцот ќе може да ја олесни физичката траума, која ја преживеале.

„Тоа беше постер против трговија на луѓе. На него имаше лица од девојчиња. Си помислив. Ова е мојот пат“, вели Чакрабори.

Филмот и дополнителните едукативни иницијативи се направени со цел да се покрене свеста за женските права на глобално ниво, како и да се поддржат креативноста, претприемништвото и моќта на уметноста, во изнаоѓање решенија за најголемите предизвици со кои се соочуваат жените во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG