Линкови за пристапност

Животниот век за Американците скусен за една година


Новата статистика вели дека за мажите се очекува да живеат 77,1, а за жените 80,5 години

Американските Центри за контрола на болести ((CDC)) во четврток објавија статистика што индицира дека животниот век се намалил за цела една година во првата половина на 2020, што е најголемо намалување од Втората светска војна наваму.

Провизорната дата што ја објави Националниот центар за здравствена статистика на CDC за јануари до јуни 2020 индицира дека најголем одраз имало кај малцинствата, со тоа што црните Американци изгубиле близу три години, а Хиспанците - близу две години.

Здравствените претставници велат дека податоците го рефлектираат данокот што го зела пандемијата на Ковид-19 како и порастот на смртни случаи од предозирање со дрога, срцеви удари и болести што ја придружувале пандемијата.

Калкулацијата на CDC за очекувањата на животниот век се базира на тоа колку долго бебе родено денеска може да очекува да живее во просек. Статистиката покажува дека се` на се`, во првата половина на минатата година, тоа било 77.8 години за Американците во целина, што е помалку за година од 78.8 во 2019. За мажите тоа било 75.1 години, а за жените 80.5 години.

Од CDC велат дека последен пат кога очекувањата за должината на животот при раѓање драматично паднале било за време на Втората светска војна. Врз база на најновите бројки, CDC iиндицира дека жителите на САД сега може да се надеваат да живеат подеднакво долго како во 2006.

Очекувањата за должината на животот при раѓање се смета за веродостоен барометар на националното здравје, и постепено се креваше во САД до 2020, најсмртоносната година во американската историја, со смрттни случаи кои за прв пат надминаа три милиони.

Единствената добра вест во извештајотт е дека очекувањето за должината на живототт брзо се враќа, заради начинот на кој се пресметува. Здравствените експерти кажаа дека со намалувањето на пандемијата на коронавирус во САД, тоа ќе се случи.

XS
SM
MD
LG