Линкови за пристапност

Лидерите на Г7 групата го посетија споменикот потсетник за атомската бомба во Хирошима


Лидерите на Групата седум најбогати земји денес во Хирошима, Јапонија, го посетија градскиот споменик на мирот - споменик на отворено што го прикажува уништувањето предизвикано од атомската бомба и ја ветија својата посветеност на „постигнување на свет без нуклеарно оружје со несмалена безбедност за сите“.

Лидерите положија венци на кенотафот во чест на жртвите, пред куполата Генбаку, единствената градба што остана да стои по нападот на американските сили во август 1945 година, во кој загинаа 140.000 луѓе до крајот на годината.

Првиот документ на лидерите на Г-7, кој се фокусира на нуклеарното разоружување, ја повикува Русија за нејзината „неодговорна нуклеарна реторика, поткопување на режимите за контрола на вооружувањето и наведената намера да распореди нуклеарно оружје во Белорусија“, а Кина за „забрзување на зголемувањето на нејзината нуклеарна арсенал без транспарентност“.

Лидерите ја потврдуваат својата цел за „целосно, проверливо и неповратно напуштање“ на севернокорејските програми за нуклеарно оружје и балистички ракети. Тие го повикуваат исто така и Иран „да ја прекине својата нуклеарна ескалација“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува лично на самитот на Г-7 во недела, потврди украинскиот официјален претставник.

XS
SM
MD
LG