Линкови за пристапност

Лидерите на ЕУ и Кина се сретнаа во Пекинг


Агендата вклучува дискусија за трговијата и климатските промени
Агендата вклучува дискусија за трговијата и климатските промени

Лидерите на Европската унија се во Пекинг на самит со кинескиот претседател Шји Џинпинг и други кинески лидери.

Пред состаноците, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека двете страни ќе разговараат за „како да се ребалансираат нашите економски односи“, нагласувајќи ја позицијата на Кина како „најважен трговски партнер“ на ЕУ и нагласувајќи ја потребата да се реши трговскиот дисбаланс меѓу нив.

Фон дер Лајен рече дека на состаноците ќе се разговара и за соработката за климатските промени и за правилата за вештачка интелигенција.

Таа, исто така, ја истакна потребата ЕУ и Кина да ги искористат своите улоги како големи светски сили за да одговорат на војната во Украина и на израелско-палестинскиот конфликт.

„Имаме заеднички интерес за мирот и безбедноста и ефикасното функционирање на меѓународниот поредок заснован на правила и да најдеме решенија за глобалните предизвици“, рече Фон дер Лејен.

„Затоа е од суштинско значење да се стави крај на руската агресија против Украина и да се воспостави праведен и траен мир во согласност со повелбата на ОН и во иста насока да се направи се што е можно за да се работи за решение со две држави на Блискиот Исток“, додаде таа.

Шји во воведниот говор рече дека Кина и Европската унија мора „да работат заедно за да ја промовираат светската стабилност и просперитет“.

„Кина и ЕУ треба да бидат партнери во заемно корисна соработка и постојано да ја зајакнуваат политичката меѓусебна доверба“, рече Шји.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG