Линкови за пристапност

Либија ја распушта паравојската


Армијата изврши рации на паравоени локации во и околу Триполи.

Либиската армија соопшти дека синоќа извршила рации на неколку паравоени локации во и околу Триполи, откако времениот водач на земјата, претседателот на Националното собрание Мухамед ел-Магариф нареди распуштање на сите сили и кампови кои дејствуваат надвор од владината контрола.

Саботата, властите презедоа контрола врз паравоените групации во источниот град Бенгази, по борбите во кои загинаа 11, а беа повредени преку 60 лица.

До судирот дојде по масовните протести во петокот кога десетици илјади Либијци излегоа на улиците на Бенгази, барајќи распуштање на милитантните групи. Демонстрантите ја протераа џихадистичката милиција Ансар ал-Шарија од нејзиното седиште и ги зазедоа базите на другите паравоени групации во Бенгази.

Ансар ал-Шарија се доведува во врска со неодамнешниот напад врз американскиот конзулат во Бенгази во кој загинаа четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот во Либија Кристофер Стивенс. Милицијата порекнува секаква вмешаност во случајот.
XS
SM
MD
LG