Линкови за пристапност

Преговори во Москва за постигнување мир во Либија

Американската амбасада во Триполи изјави дека е сериозно загрижена за странското мешање во конфликтот

Лидерите на владите кои се спротивставуваат на владеењето на Либија, денес се среќаваат на мировни преговори во Москва.

На нив ќе учествуваат руски и турски официјални лица, со цел да се издејствува мир во Либија, која се соочува со нестабилност по смртта на долгогодишниот лидер Моамар Гадафи.

Обединетите нации, Лигата на арапските држави и Европската Унија, ги повикуваат двете страни кои се во трка за власт, да ја почитуваат одлуката за прекин на огнот, која се применува од вчера.

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои поддржуваат различни страни, ја поминаа неделата повикувајќи за прекин на огнот.

Американската амбасада во Триполи, изјави дека е „сериозно загрижена за странското мешање во конфликтот“, додека некои европски лидери стравуваат дека Либија ќе се претвори во нова Сирија.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG