Линкови за пристапност

Експлозија на бомба пред амбасадата на САД во Либија


Polisi Libya melakukan siap melakukan patroli di Benghazi (foto: dok). AS meminta Libya meningkatkan pengamanan fasilitas AS di Libya pasca tewasnya tokoh kedua al-Qaida yang berasal dari Libya: Abu Yahya al-Libi.
Polisi Libya melakukan siap melakukan patroli di Benghazi (foto: dok). AS meminta Libya meningkatkan pengamanan fasilitas AS di Libya pasca tewasnya tokoh kedua al-Qaida yang berasal dari Libya: Abu Yahya al-Libi.

Инцидентот се случува две недели пред во историските избори во земјата.

Бомба експлодираше пред зградата на американската амбасада во Либија во источниот град Бенгази. Според најновите извештаи, немало повредени, но расте загриженоста за нестабилноста во земјата воочи историските избори.

Американски претставник во Либија кој побара да остане анонимен, за Гласот на Америка изјави дека при експлозијата била оштетена предната капија на мисијата, но на главната зграда не била причинета никаква материјална штета.

Инцидентот се случува две недели пред во Либија да се одржат првите слободни национални избори по убиството на поранешниот лидер Моамер Гадафи за време на народното востание.

Нападот се случува и еден ден откако главниот аеродром во Триполи беше повторно отворен за сообраќај откако претходно беше запоседнат од паравојници.

Западните нации сметаат дека изборите во Либија ќе донесат демократија во оваа земја.

Американскиот претставник во Либија истакна дека владата на САД го осудува нападот пред амбасадата во Бенгази и ќе продолжи да ја поддржува демократијата во Либија. Тој додаде дека САД имаат „длабоки односи“ со либискиот народ и дека овој напад „не е нешто за кое се залагаат повеќето од Либијците“.
XS
SM
MD
LG