Линкови за пристапност

Во воздушен напад во Либија убиени најмалку 40 мигранти


Најмалку 40 лица, повеќето од нив африкански мигранти биле убиени, а околу 80 ранети во воздушен напад на мигрантски центар во близина на главниот град на Либија, Триполи.

Либискиот министер за внатрешни работи вели дека бројот на загинати е многу поголем, и дека спасувачките операции се во тек.

За време на нападот на мигрантскиот центар во областа имало околу 200 лица.

Веќе со месеци трае борбата за контрола на Триполи меѓу меѓународно признаената влада на Либија и Либиската национална армија предводена од генералот Халифа Хафтар.

Армијата на Хафтар негира одговорност за воздушниот напад, за тоа обвинувајќи ги ривалите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG