Линкови за пристапност

Обама вели време е Гадафи да замине


Обама вели време е Гадафи да замине
Обама вели време е Гадафи да замине

Американскиот претседател Барак Обама го повика либискиот лидер Моамар Гадафи „засекогаш да ја напушти власта“, велејќи дека моментумот против него дошол на точка од каде нема враќање.

Во изјава доцна во неделата, откако либиските бунтовници влегоа во главниот град, Триполи, Обама кажа дека Гадафи мора да признае дека веќе ја нема контролата врз земјата.

Обама исто така кажа дека САД ќе продолжат да работат со меѓународната заедница во поддршка на мирна транзиција кон демократија во Либија, и го поттикна опозициониот Транзиционен национален совет да ги вклучи интересите на целиот либиски народ.

Европската унија, Британија и Италија кажаа дека владеењето на Гадафи се приближува кон крајот и го поттикнуваат либискиот лидер да се симне од власта со цел да се избегне натамошно крвопролевање. Во меѓувреме, Кина во понеделник кажа дека „го почитува изборот на либискиот народ“ и дека се надева оти стабилноста брзо ќе се врати во државата.

Јужна Африка во понеделник кажа дека не ги поддржува бунтовниците и ги демантираше извештаите дека наводно испратиле авион во Либија за евакуација на Гадафи. Министерот за надворешни работи Маите Нкоана-Машабане кажа дека Гадафи не побарал ниту ќе побара азил во Јужна Африка.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во неделата кажа дека што порано Гадафи сфати дека„не може да ја добие битката ... подобро ќе биде“.

Меѓународниот суд за кривични дела во Хаг потврди дека бунтовниците го привеле синот на Гадафи Сеиф ал-Ислам. Судот исто така ги потсети бунтовниците дека дека имаат „обврска да го предадат Сеиф на судот“.

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез во неделата беше еден од ретките гласови кои ги критикуваа настаните во Либија и ги осудија воздушните напади на НАТО во државата.

Чавез е долгогодишен бранител на Гадафи и го осуди народното востание, велејќи дека се работи за приграбување на нафта од страна на западните сили.

Инаку, откако бунтовниците влегле во Триполи, весели Либијци ги кинеле постерите на Гадафи и газеле на нив.Бунтовниците велат дека привеле двајца од синовите на Гадафи.

XS
SM
MD
LG