Законодавците во петок гласаа против две резолуции – едната за авторизирање на тековната американска воена акција во Либија и друга за прекин на финансирањето на американската армиска операција во таа земја.
Претставничкиот дом гласаше против авторизирањето со 295 спрема 123. Гласањето нема моментално влијание на американската улога во операцијата предводена од НАТО во Либија, но претставува директна критика на Претседателот Барак Обама.
Резолуцијата за финансирање беше отфрлена подоцна, со 238 спрема 180 гласови. Мерката ќе дозволеше ангажирање на американските сили само во акции што не се непријателски во кампањата против силите на либискиот лидер Моамар Гадафи. Тие акции би опфатиле потрага и спасување, разузнавање, набљудување и полнење на гориво.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изрази разочараност. На новинарите тој им кажа дека ова не е време за испраќање „нејасна порака“ за Гадафи.
И републиканците и демократите му се лути на претседателот што не барал конгресна авторизација за интервенција во Либија.