Линкови за пристапност

Меѓународни донатори ветија милиони за либиските бунтовници


Меѓународни донатори ветија милиони за либиските бунтовници
Меѓународни донатори ветија милиони за либиските бунтовници

Либиските бунтовници бараат стотици милиони долари од меѓународните пратеници кои се среќаваат во Обединетите арапски емирати за планирање на иднината на државата без либискиот лидер Моамар Гадафи.

Италија – поранешен колонијален владетел во Либија – вети речиси близу 600 милиони долари за либиските бунтовници за време на средбата во четврток. Помошта би вклучила заеми и гориво за регионот на бунтовниците со кој раководи совет.

Кувајт вети трансфер од 180 милиони долари за Транзициониот национален совет, додека Асошиејтед прес вели дека САД ќе ја зголемат хуманитарната помош за Либијците од 26,5 милиони долари.

Порано, САД соопштија планови што вклучуваат ослободување на околу 30 милијарди долари замрзнат либиски имот и давање на тие пари на опозицијата.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон на конференцијата во Абу Даби кажа дека „деновите на Гадафи се одброени“.

Делегати од 22 држави на Контакт групата за Либија и Совет за заливска соработка дискутираат за прашања кои вклучуваат обезбедување помош за либиската опозиција и цивили.

Ова е трета средба на групата.

XS
SM
MD
LG