Линкови за пристапност

Министрите за одбрана на НАТО дискутираат за кампањата во Либија


Министрите за одбрана на НАТО дискутираат за кампањата во Либија
Министрите за одбрана на НАТО дискутираат за кампањата во Либија

Авиони на НАТО го тресеа либискиот главен град, Триполи, во ноќта пред министрите на одбраната на алијансата да ги започнат разговорите за оценка на нивната воена кампања против силите лојални на либискиот лидер Моамар Гадафи.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вели дека од средбата во Брисел очекува дискусија за подготовката за иднината на Либија без Гадафи.

Во вторникот НАТО изведе дневни бомбашки напади кои беа едни од наинтензивните од почетокот на операцијата на коалицијата во март.

НАТО оперира под мандат на ОН што бара преземање на сите неопходни мерки, но не и окупација, за заштита на цивилите и цивилите области од напади од страна на силите на Гадафи.

Сепак, либискиот лидер ветува продолжување на борбите. Во аудио соопштение во вторникот тој кажа дека либискиот народ нема да се предаде во својата земја до крајот.

Во меѓувреме, специјалниот пратеник на ОН за Либија во среда пристигна во упориштето на бунтовниците Бенгази за разговори со опозиционите лидери. Јорданецот Абдул Илах ал-Катиб дојде од Триполи каде наводно имал разговори со официјални лица од владата на Гадафи.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон патува за Обединетите арапски емирати каде Либиската контакт група од 22 нации има средба во четврток. Ќе се разговара за тоа како да им се помогне на бунтовниците што му се противници на Гадафи. Групата се согласи минатиот месец да воспостави фонд што за бунтовниците ќе обезбеди храна, лекови и армиски материјали.

Во Брисел, каде што е седиштето на НАТО, адвокатите на ќерката на Гадафи поднесе кривична пријава против алијансата. Аиша ал-Гадафи го обвинува НАТО за бомбардирање на цивилни цели кон крајот на април во Триполи.

Либиски официјални лица кажаа дека во нападите загинале еден од синовите на Гадафи и тројца од неговите внуци. Ова не можеше да биде потврдено од независни извори.

XS
SM
MD
LG