Линкови за пристапност

Во Берлин се дискутира улогата на НАТО во Либија


Во Берлин се дискутира улогата на НАТО во Либија
Во Берлин се дискутира улогата на НАТО во Либија

Министрите на НАТО се среќаваат во Берлин на разговори за нивната воена мисија во Либија, додека бунтовничките борци бараат поголема поддршка од алијансата.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон се придружува на колегите од НАТО во Берлин за дводневните разговори што започнуваат во четврток.

Членовите на алијансата се поделени во врска со прашањето дали да ја засилат бомбашката кампања против силите лојални на либискиот лидер Моамар Гадафи. Британија и Франција ги повикаа сојузниците да инвестираат повеќе во воената операција, додека САД се за ограничување на нивната улога.

Бунтовниците имаат тешкотии да ја задржат контролата врз неколкуте градови што успеаја да ги преземат од владините сили. Во четврток, бунтовниците велат дека трупите на Гадафи исфрлиле ракети на градот Мисрата убивајќи најмалку девет лица. Владата веше обвинета за целење на цивили во пристанишниот град.

Во меѓувреме, друга меѓународна средба за Либија се одвива во седиштето на Арапската лига во Каиро. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Аштон се таму. Како и претставници на Африканската унија и на Организацијата на исламската конференција.

XS
SM
MD
LG