Линкови за пристапност

Примирје во Либија?


Примирје во Либија?
Примирје во Либија?

Делегација на африканските лидери во понеделник се упати кон упориштето на бунтовниците во Либија, Бенгази, да го презентира планот за примирје за кој велат дека веќе бил прифатен од либискиот лидер Моамер Гадафи.

Претставници на Африканската унија велат дека предлогот повикува на моментално запирање на огнот, разговори меѓу бунтовниците и владата, заштита на странски државјани во Либија и продолжување на хуманитарната помош за цивили.

Лидерите на бунтовниците во понеделник кажаа дека ќе го разгледаат предлогот, но инсистираат дека Гадафи мора замине.

Либиски официјални лица кажаа дека ова не е опција.

Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума и тројца други африкански шефови на држави се сретнале со Гадафи на неколку часа на неговиот имот во Триполи во недела.

Јужноафриканскиот лидер исто така го повика НАТО да запре со воздушните напади на владини цели за „да се даде шанса на примирјето“.

XS
SM
MD
LG