Линкови за пристапност

САД и ЕУ го осудија насилството на либиската влада врз „мирољубивите“ демонстранти


САД и ЕУ го осудија насилството на либиската влада врз „мирољубивите“ демонстранти
САД и ЕУ го осудија насилството на либиската влада врз „мирољубивите“ демонстранти

САД и ЕУ го осудија жестокото задушување на антивладини протести и ја поттикнаа северно-африканската нација да не употребува насилство против мирните демонстранти.

Американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс го осуди либиското задушување на протестите во неделата, во интервју за американската телевизиска мрежа ЕнБиСи. Таа повика „мирните протести да бидат почитувани“.

Портпаролот на Стејт Департмент, Филип Краули, кажа дека Вашингтон искажал несогласување со смртоносното користење на сила врз протестантите пред либискиот министер за надворешни работи и други либиски официјални лица.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на средба во Брисел исто така ја осудија репресијата против мирните демонстранти и цивили.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во неделата кажа дека има намера да разговара со либиското раководство за „многу вознемирувачките извештаи“ од Либија.

XS
SM
MD
LG