Линкови за пристапност

Коалицијата цели на либиските сили, Гадафи на бунтовниците


Коалицијата цели на либиските сили, Гадафи на бунтовниците
Коалицијата цели на либиските сили, Гадафи на бунтовниците

Членките на НАТО одлучуваат кој ќе преземе одговорност за зоната на забрането летање

Коалиционите сили од море и од воздух денес извршија напади врз позиции на либиските сили – шести ден по ред од операцијата за воспоставување на зона на забрането летање над земјата, што ја одобри Советот за безбедност на ОН. Па сепак, силите лојални на водачот Моамар Гадафи продолжуваат да напаѓаат градови под контрола на бунтовниците долж медитеранскиот брег.

Според извештаи од Франција и САД, француски ловци денес собориле либиски борбен авион над градот Мисрата. Француската армија наведува дека во текот на минатата ноќ продолжила со воздушни напади длабоко на либиска територија, врз воздушна база на 250 километри јужно од брегот.

Силите лојални на Гадафи, пак, продолжиле да ги гранатираат Аџдабија на исток и Мисрата на запад каде се утврдени бунтовниците. Стигаат и вести дека во главниот град Триполи денес се случиле неколку експлозии.

Членките на НАТО се состанаа за да одлучат кој ќе преземе одговорност за зоната на забрането летање, што ОН ја одобрија за да се заштитат цивилите.

Францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе рече дека НАТО работи во правец на преземање на „оперативна“ улога во примената на ограничувањето на летовите над Либија.

XS
SM
MD
LG