Линкови за пристапност

Популистичките политички движења закана за либералниот поредок


Популистичките политички движења закана за либералниот поредок
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Заклучокот на учесниците во дискусијата „Кои се новите носители на либералната идеја“ кој се одржа во Вудроу Вилсон Центарот во Вашингтон

Либералните политичари и интелектуалци пред гласачите во САД и Европа треба да појаснат како изгледа нивната визија за политиката која донесе економски просперитет, демократија и ги создаде меѓународните институции на кои се заснова меѓународната безбедносна архитектура, наведува аналитичарот и уредник на Интернет изданието „Интерсекшн“ со фокус на Русија, Антон Барбашин.

Миграцијата, посебно бегалската криза, нерамномерните приходи, претставата дека глобализацијата му наштетува на економскиот просперитет и дека либералната политика е процес на постигнување на малцинските права, наспроти правата на мнозинството се проблеми за кои либералните политичари немаат одговор, вели тој.

Наместо да понудат решенија за овие реални проблеми, популистичките движења за политички профит манипулираат со емоциите на луѓето, вели Барбашин:

„Визијата која тие ја нудат во суштина е гласајте за нас денеска, за да се чувствувате подобро утре. Тие не создаваат визија за справување со невработеноста, на пример, за што се залагаат либералите.“

Коментирајќи ги руските напори за поддршка на популистичките движења во Европа, заменик директорот на Кенан институтот во Вудроу Вилсон центарот, Вилијам Померанц вели:

„Мислам дека целта на Русија е да ги промени односите со Европа. Од руска перспектива сегашните односи ја ставаат Русија во неповолна ситуација. ЕУ има речиси 500 милиони жители, силна пазарна економија, и сопствена мисија. Путин сака билатерални односи, со секоја земја поединечно.“

Дали политичарите ќе имаат храброст да се борат за либерализмот, ќе покаже времето, вели Померанц.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG