Линкови за пристапност

Извештај за прекршување на правата на ЛГБТ заедницата при Советот за човекови права на Обединетите нации

Експертот за човекови права Витит Мантаборн повикува на итно ставање крај на насилството и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Тој го презентираше првиот извештај за прекршување на правата на ЛГБТ заедницата при Советот за човекови права на Обединетите нации.

Мантаборн, тајландски професор по право, е назначен за прв независен експерт за правата на ЛГБТ лицата. Тој се соочил со лична злоупотреба и закани од оние што се противат на заштитата на хомосексуалците и на трансродовите лица

Неговиот прв извештај при Советот за човекови права на ОН, нема да го направи омилен меѓу владите, како и кај оние, што ги отфрлаат лицата со различна сексуална ориентација.

Во извештајот се вели дека околу 70 држави забрануваат сексуална врска меѓу двајца мажи, додека околу 40 држави забрануваат сексуални односи меѓу жени.

Во светски рамки, ЛГБТ лицата се предмет на страшни форми на насилство, злоупотреба и дискриминација.

„Убивања, силувања, манипулација, тортура, физички и психички напади“, вели Мантаборн.

Тој вели дека дискриминацијата и насилството кон ЛГБТ заедницата се раширени насекаде во светот, и повикува на заедничко почитување, толеранција и разбирање за луѓето со различна сексуална ориентација, поддржни со државни закони.

Мантаборн вели дека предрасудите се формираат од рана возраст, и порачува недостиготот на образование и свесност, да се адресираат на рана возраст, со цел децата да научат да ги почитуваат различностите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG