Линкови за пристапност

Конгресменот Џон Луис ќе биде погребан денеска во Атланта


Поранешните претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш се очекува да бидат присутни на погребната церемонија

Еден од најголемите американски поборници за граѓанските права, конгресменот Џон Луис, ќе биде погребан денеска во Атланта.

Поранешните претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш се очекува да бидат присутни на погребот во Баптистичката црква во Ебенезер, историско место каде проповедаше Мартин Лутер Кинг Џуниор. Обама се очекува да зборува на службата.

Луис потоа ќе биде погребан на гробиштата во Атланта.

Тој почина минатата недела од рак на панкреасот на 80-годишна возраст.

Луис служеше во Претставничкиот дом на САД 33 години како конгресмен од 5-та конгресна област во Џорџија, во која е вклучена и Атланта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG