Линкови за пристапност

Американците му оддаваат последна почит на поборникот за граѓанските права Џон Луис


Покојниот американски конгресмен и поборник за граѓански права Џон Луис во понеделник и вторник ќе се здобие со една од највисоките почести што може да ги добие американскиот граѓанин - ќе биде положен во американскиот Капитол.

Луис почина минатата недела на 80-годишна возраст по едногодишна борба со рак на панкреасот кој беше во напредна фаза.

Неговиот ковчег е донесен во зградата каде им служеше на граѓаните на Џорџија 33 години.

Во согласност со заштитните мерки поврзани со КОВИД-19, Луис ќе биде положен на источниот дел на Капитол, така што јавноста ќе може да му оддаде почит надвор, со следење на безбедносните упатства кои вклучуваат држење социјално растојание и носење на маска.

Луис претходно беше положен во Монтгомери, Алабама, каде последна почит му оддаваа луѓето од неговата матична држава.

Телото на Луис пристигна во Капитолот на Алабама преку истиот мост на кој полицијата го претепа и него и другите учесници во маршот за граѓански права во 1965 година во Монтгомери. Тој ден стана познат како „Крвава недела“.

Погребната церемонија ќе се одржи во четврток во Баптистичката црква Ебенезер, каде проповедаше Мартин Лутер Кинг, по што ќе биде погребан на гробиштата во Атланта.

Луис е вториот законодавец Афроамериканец положен во американскиот Капитол, по конгресменот Илајџа Камингс, кој почина минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG